Денеска полициските службеници од СВР Велес беа домаќини на најмладите жители на Велес. Децата беа изненадени со доаѓањето на Дедо Мраз, кој им подари новогодишни пакетчиња обезбедени од вработените во СВР Велес во соработка со општествено одговорна компанија од градот.
Средбата со полициските службеници, децата ја искористија и за да постават прашања поврзани за професијата полициски службеник, а споделија и дел од она што тие го научиле претходно. 
Во рамки на денешната активност беше посетено и детското одделение при ЈЗУ Општа болница Велес, каде на дечињата кои во моментов се лекуваат, им беа подарени новогодишни пакетчиња со желби за добро здравје и безгрижно детство.
Деск

