41-годишна жена била лишена од слобода вчера на ручек, откако на улица се однесувала агресивно кон полициски службеници. Кај истата биле измерени дури 3,17 промили алкохол во крвта, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 14:20 часот, полициски службеници од СВР Велес ја приведоа М.К.(41) од Скопје затоа што на улица „Ѓоре Органџиев“ во Велес агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
При преземање мерки, кај неа биле измерени 3,17 промили алкохол во крвта. М.К. е задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакнаа од полицијата.
Деск

