Преку интернет гласање граѓаните го избраа најубаво украсениот град за празниците.
Крива Паланка е избрана за најубаво украсен град за Нова година, според резултатите од интернет гласањето организирано од Канал 77, што се одржа изминатите денови.
Веста со гордост ја соопшти градоначалникот Сашко Митовски, кој се заблагодари на граѓаните, но и на екипите кои вложиле труд, за градот да заблеска празнично.
Крива Паланка освоила најмногу гласови благодарение на креативната новогодишна декорација, светлечките украси и празничната атмосфера што го разубави централното градско подрачје и создаде топол и празничен амбиент за граѓаните и посетителите.
Деск

