Фолк музичарот Влатко Миладиноски синоќа одржа голем концерт во Арена Борис Трајковски во Скопје, во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски. Настанот на кој звуците на кавалот, тапанот и гласот на Влатко се споија во моќна симфонија, помина со комплименти од публиката.
-Историја испишана со Македонска песна!
Срца отворени, души разбудени, македонската музика во својата најчиста форма.
СЦ „Борис Трајковски“ – полн, гласен и жив, со Македонија на нозе! Ви благодарам на сите за незаборавните моменти, објави Миладиноски по концертот.
Ова беше уште еден значаен настан кој ја обележа неговата кариера годинава. Претходно, тој одржа концерти во МОБ и во Антички театар Охрид, и беше првиот домашен фолк музичар кој одржал солистички концерт во Антички театар.
До крајот на 2025 година го очекува уште еден концерт, односно тој ќе настапи на 31-ви декември на плоштадот во Неготино, во придружба на оркестарот на Златко, а истата вечер настапува и Татијана Стефановска.
Вики Клинчарова
ИСПИШАВМЕ ИСТОРИЈА СО МАКЕДОНСКА ПЕСНА, КАЖА ВЛАТКО МИЛАДИНОСКИ, ОТКАКО ЈА НАПОЛНИ АРЕНАТА
1 Min Read

