На 72 часа пред 2 јануари се пуштени во продажба билетите за најновото издание на Златна бубамара на популарноста, која оваа година ќе се одржи на 26 февруари во арената „Борис Трајковски“.
Ве очекуваме со целата расположлива механизација, да се дружите со целата наша организација, велат од организацијата на популарното шоу.
-Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, омилената манифестација – сатирично и музички ќе ја раскаже изминатата 2025 година, заедно со најпознатите уметници од Македонија, регионот и светот.
Оваа година за прв пат на Златна Бубамара ќе имаме можност да видиме една голема светска музичка легенда со респектирачко музичко порфолио, која ќе ја откриеме на 10 дена пред настанот.
Ќе се смееме, аплаудираме, пееме и играме во досега најспектакуларното издание на најголемото музичко шоу на Балканот.
Билетите се пуштени во он-лајн продажба преку сервисите на https://mktickets.mk/event/zbm29/
или https://www.karti.com.mk/zlatna-bubamara-2026.nspx
Од 3 јануари мал дел од билетите ќе бидат пуштени во продажба во „аналогна“ продажба преку цвеќарницата „Розе Веро 2“, соопштија огранизаторите.
В.К.

