На 28 декември 2025 година започна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов, и продуцент Богдан Јончевски, City Star продукција, соопшти Агенцијата за филм.
-„Голиот Рид“ е трилер кој акцентот го става на напнатата атмосфера, психолошката длабочина на ликовите и современиот визуелен пристап.
Филмот се реализира со домашна екипа и актерска постава, а снимањето ќе се одвива на повеќе локации низ Македонија.
Проектот претставува уште еден значаен чекор во развојот на македонската филмска продукција и во афирмацијата на жанровскиот филм, соопштија од Агенцијата.
Агенцијата за филм одобри средства во износ од 15.000.000 денари за продукцијата на овој проект, на конкурс во 2021 година.
Деск

