Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици, порача во своето новогодишно обраќање премиерот Христијан Мицкоски.
Вели дека 2025 била година во која државата мораше прво да застане на нозе.
-После долг период на нестабилност, несигурност и на разнишани институции, беше неопходно да се направи стабилизација и консолидација. Тоа беше услов без кој не можеше да се оди понатаму.
Реформите што ги отпочнавме не се козметички. Тие се длабински и суштински. Таквите реформи бараат време, но тие се предуслов за функционална држава и здраво општество.
Свесни сме дека за граѓаните најважно е како тоа се чувствува во секојдневниот живот.
Со право можам да кажам дека 2026 година ќе биде година на раздвижување и година на преобразба!
Година на раст, со реализација на значајни инфраструктурни проекти.
Година на економско зајакнување, со нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој. Година на вкупна преобразба на Македонија!
Година на надеж, но и на голема обврска!
Обврска да се испорачаат резултати!
Обврска да се оправда довербата од граѓаните
Обврска да се продолжи по патот на реформи, развој и стабилност!
На сите ви посакувам здравје, мир и сила!
Да влеземе во 2026 година со верба дека напорната работа ќе се исплати и дека Македонија ја движиме во вистинската насока, порача Мицкоски.
Деск
Previous ArticleПРВОРОДЕНОТО БЕБЕ ВО 2026 ГОДИНА Е ЖЕНСКО

