2025 година ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната милитаризација, растечката климатска, еколошка и енергетска криза, маргинализираните меѓународни институции и суспендираното меѓународно право, истакна во своето празнично обраќање претседателката Гордана Силјановска Давкова.
-Нашата надворешна и безбедносна политика беше европска надворешна и безбедносна политика, и во неа се промовиравме како видлив и почитуван актер!
Во евроинтеграциските процеси се фокусиравме на исполнување на Копенхашките критериуми, вели претседателката.
За Македонија, истакнува дека 2025-та беше година на почеток на реформи во правосудството, отворање битка со корупцијата и криминалот, креирање национална развојна стратегија, воспоставување нови стратешки партнерства во функција на економски и други реформи, инфраструктурна офанзива, долгорочно решавање на енергетското прашање, системско решавање на соработката со дијаспората.
-За сите нас, најтешкиот момент во 2025-та година беше трагедијата во Кочани и таа како сенка ќе нè следи цел живот. Останува обврската да не ги заборавиме нивните најблиски, но и повредените, а најмногу – правдата!
Нивната немерлива жртва мора да направи подобри луѓе од сите нас, но и политички и правен систем којшто нема да дозволи нови невини жртви!
Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир, потпрен на меѓународното право и на меѓународните институции, сакам ние да се вдомиме во Европската Унија, решени да живееме во амбиент на владеење на правото, демократија, економски просперитет и здрава животна средина!
Лично, секому од вас, му посакувам Нова година каква што најмногу сака!
Среќна Нова 2026 година, сакани деца, среќна Нова година почитувани млади, среќна Нова година почитувани граѓани, порача Силјановска Давкова.
Деск
НАЈТЕШКИОТ МОМЕНТ ВО 2025 БЕШЕ ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, КОЈА КАКО СЕНКА ЌЕ НЕ СЛЕДИ ЦЕЛ ЖИВОТ, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА
2 Mins Read
Previous Article2026 ЌЕ БИДЕ ГОДИНА НА РАЗДВИЖУВАЊЕ И ПРЕОБРАЗБА, ВЕТИ МИЦКОСКИ

