Во време кога се сумираат настаните кои ја одбележаа 2025 година, јавноста потсетува на херојството на 19-годишниот Јован Костадинов од Виница, момчето кое во трагичниот пожар во Пулс во Кочани, ризикувајќи го својот живот, спаси 21 животи.
За настанот известуваа сите медиуми во земјава, кога момчето повеќе пати влегувало во запалениот објект и ги вадело повредените деца и младинци надвор, здобивајќи се и самиот со повреди.
Набргу по трагедијата, во која животите ги изгубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени, тој изјави дека едноставно во тие моменти го правел она кое сметал дека е исправно, да се спасат што е можно повеќе деца од огнените пламени.
Откако по десеттина дена излезе од болница, тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари кажа дека Јован е потсетник за сите нас колку многу може да направи еден човек со големо срце.
В.К.
ЈОВАН КОЈ СПАСИ 21 ЖИВОТИ ВО КОЧАНИ Е СИМБОЛ НА ЧОВЕЧНОСТА НАД СТРАВОТ ЗА 2025 ГОДИНА!
1 Min Read

