Семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски, кој последен пат бил виден за време на пожарот што на 31 декември избувна во барот „La Constellation“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана. Момчето, според неофицијални информации, било по потекло од делчевско.
Според објавите на социјалните мрежи, Стивен во моментот на исчезнувањето бил облечен во бели панталони и бел дуксер, а можно е со себе да ги имал и препознатливите очила за сонце.
Семејството апелира до сите што имаат каква било информација или сознанија дали Стивен бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават на телефонските броеви: 076 415 0868, 076 385 7165 и 078 229 5745.
Во катастрофалниот пожар кој избил во раните утрински часови за време на новогодишна прослава, загинаа над 40 лица, а стотина се повредени. Според првичните податоци, причината најверојатно е употреба на пиротехника.
Деск

