46-то издание на Ромски бал во организација на Габриел Бајрам и Сојуз на Ромите, ќе се одржи на 10-ти јануари во хотелот Александар Палас во Скопје.
Во рекламното видео, каде ТВ водителката Лила Филиповска ја има главната улога, таа го открива името на главната музичка ѕвезда на настанот. Станува збор за познатиот музичар Саша Ковачевиќ, а покрај него доаѓале и многу други познати пејачи – Мухарем Сербезовски, Таркан, Еугена, Џефрина, Бернат и други.

На настанот, кој првично го организираше Амди Бајрам, и кој е традиционален, секоја година доаѓаат гости од целиот свет.
Познат е по раскошните тоалети и интересните забавни содржини, како и по изборот за најубава Ромка.
Чести гости се и јавните функционери.
По смртта на Амди, на чело на организацијата дојде неговиот син Габриел, кој ја продожи традицијата.
В.К.

