По повод големиот христијански празник Бадник, за првпат во Неготино на плоштад ќе биде организирана заедничка бадникова трпеза за ранливите категории на граѓани.
Настанот ќе се случува на шести јануари со почеток од 13 часот, и е по иницијатива на градоначалничката Марија Нацева.
Како што објави таа, Бадник е ден за смирение, тишина, покајание и заедништво, каде секој граѓанин треба да има топол оброк, и бесплатниот оброк ќе биде обезбеден за сите социјално ранливи категории.
Инаку, Неготино годинава за првпат по пауза од осум години имаше и организиран новогодишен дочек на плоштад.
В.К.

