Претседателката Гордана Силјановска Давкова синоќа присуствувала на македонската премиера на документарниот филм
,,Приказната за Силјан”. Таа истакна дека Македонија доби вредно филмско остварување, и и честиташе на целата филмска екипа.
-Филмот е моќна приказна за семејството, односите меѓу човекот и природата, борбата за пристоен живот. Се чини дека далеку од дома и од најблиските, полесно ја согледуваме и разбираме потребата од припадност некаде и некому.
Во право е режисерката кога вели дека филмот добива најголема тежина пред домашната публика, соочена со разбудените болни и искрени емоции.
Честитки за Тамара Котевска и целата филмска екипа за достоинствената промоција на високите македонски филмски вредности. Добивме вредно филмско остварување, коешто верувам дека ќе биде инспирација за идни успеси, порача претседателката.
Деск
ДОБИВМЕ ВРЕДНО ФИЛМСКО ОСТВАРУВАЊЕ, ПОРАЧА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА, ПО МАКЕДОНСКАТА ПРЕМИЕРА НА ,,ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН”
1 Min Read

