На 06.01.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода Р.П.(43) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот со остар предмет и упатувала закани на 37-годишната Д.М. од Градско, известија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Од таму посочуваат дека исто така, било пријавено дека со тврд предмет оштетила прозорци од куќи сопственост на Т.Р.(37) и К.Р.(42), двајцата од Градско и им се заканувала со остар предмет.
Предметот бил пронајден и одземен.
Р.П. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвините и по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, извести полицијата.
Деск
ПРИВЕДЕНА ЖЕНА ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ПОРАДИ ЗАКАНИ СО НОЖ И КРШЕЊЕ ПРОЗОРЦИ
1 Min Read

