Антониа Гиговска, која требаше да настапи на новогодишниот дочек во Македонска КАменица, кој што беше откажан поради трагичен случај во општината, ќе го одржи концертот на 13-ти јануари, односно на Стара Нова година.
Веста ја соошти градоначалничката Соња Стаменкова.
-Концертот на Антониа Гиговска се преместува!
Поради откажување на новогодишната програма, настапот ќе се одржи на 13 јануари на Градскиот плоштад во Македонска Каменица со почеток од 19:00 часот.
За сите дополнителни информации, јавноста ќе биде навремено известена, објави таа.
Инаку, новогодишниот дочек, како и сите забавни празнични активности во Македонска Каменица на 30-ти, 31-ви декември и на први јануари 2026 година беа откажани, поради смртта на младата Симона Каранфиловска, и беа прогласени денови на жалост во општината.
Деск
КОНЦЕРТОТ НА ГИГОВСКА, ОТКАЖАН ПОРАДИ ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ДЕНОВИ НА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА СТАРА НОВА ГОДИНА
1 Min Read

