За време на празниците, односно вчера на Коледе и денес на Бадник, во битолската болница ,,Плодност” се родиле 14 бебиња.
Како што соопштија од болницата, вчера, во празнична атмосфера се родиле 13 бебиња, и тоа 6 машки и 7 женски, а денес се родило уште едно женско бебе.
-Екипата на дежурство и 14 новороденчиња од Болница Плодност ви го честитаат големиот христијански празник Бадник, со желби за мир, здравје и топлина во секој дом, порачаа од болницата, додавајќи дека овие два дена им биле доста динамични и исплонети со нов живот.
Новороденчињата биле од Битола, Прилеп, Охрид, Ресен, Демир Хисар и Богданци.
Едно од бебињата било родено со ИНФ, а пак едно породување било извршено во вода.
Деск

