Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево, порача министерот за транспорт Александар Николоски, објавувајќи видео од ноќно возење.
-40 километри се веќе во функција! Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба, напиша Николоски на социјалните мрежи.
Инаку, изградбата на автопатот Кичево – Охрид започна во февруари 2014 година, а го изведува кинеската компанија „Синохидро“.
Должината на трасата е 57 километри, а вредноста на првичниот договор беше 373 милиони евра. Првичниот рок за изградба беше јуни 2018 година, но неколкупати беше одложуван поради инженерски, правни и административни проблеми.
Деск
НИКОЛОСКИ СЕ ПОФАЛИ СО ПУШТАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА 40 КИЛОМЕТРИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД, КОЈ СЕ ГРАДИ ОД 2014 ГОДИНА
1 Min Read

