Под влијание на циклонска активност која се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент и на голем влажен бран денес попладне и навечер како и во текот на ноќта кон утрешниот ден (Четврток 8 Јануари) насекаде во Македонија ќе имаме врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со силен ветер од јужен правец (Повремено и локално со брзина од на 60 км/час). Локално ќе наврне ново значително количество на воден талог (над 40 литри на метар квадратен воден талог), информира метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Според неговите прогнози, поради продор на ладен воздух од север вечерва и ноќва врнежите од снег и снежната покривка на планините ќе се зголемува и проширува а снежната граница ќе се спушта па така врнежи од снег ќе имаме и во повисоките населени места со надморска височина до околу 1000 метри, а понатамошто постојано спуштање на снежната граница ќе имаме од утре (Четврток 8 Јануари) од утринските часови па натаму кога снег ќе има во повеќе делови од Македонија.
Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, меѓутоа од вечерва а особено од ноќва тие значително и брзо ќе опаѓаат.
Деск
Previous ArticleНЕВООБИЧАЕНА КРАЖБА: ТИНЕЈЏЕРИ УКРАЛЕ КНИГИ

