Лишени се од слобода крадци во Скопје кои украле книги во сопственост на Државниот архив на Македонија. Украденото е пронајдено и ќе му биде вратено на сопственикот, извести МВР.
Како што информираат од МВР, вчера во 04:45 часот на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје.
По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РМ.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

