Синоќа во Скопје, во хотелот Александар Палас се одржа 46-то издание на Светски Ромски бал. Настанот е во организација на Сојуз на Ромите и Габриел Бајрам, кој ја продожува семејната традиција.
Инаку, оваа традиционална манифестација беше иницирана и во организација на неговиот татко, пратеникот Амди Бајрам цели 40 години, се до неговата смрт во 2020 година, и важи за значаен настан во Ромската заедница, на кој доаѓаат Роми од целиот свет.
Балот е еден вид на настан на кој се промовира Ромската култура, и секогаш поминува во знакот на песна, дружба, со раскошни тоалети и многу забава, а се избира и најубава Ромка.
Музичките гости редовно се познати естрадни имиња од регионот, а годинава настапија Саша Ковачевиќ, Мухарем Сербезовски, Таркан, Џефрина, Бернат, Еугена и други. Во годините наназад имаат гостувано Цеца, Теа Таировиќ, Слаѓа Алегро, Анета Љумаковска, Сека Алексиќ, Адил Максутовиќ, Азис и други.
ТВ водителката Лила Филиповска неколку години наназад е промотор на балот, на кој чести гости се и јавните функционери.
Балот веќе 46 години ја испраќа пораката за негување на Ромската култра која симболизира мир и заедништво, и покажува дека музиката е дел од Ромскиот идентитет.
В.К.
СЕ ОДРЖА РОМСКИ БАЛ ВО СКОПЈЕ: ТРАДИЦИЈА ДОЛГА 46 ГОДИНИ, НА КОЈА СЕ СЛАВИ РОМСКАТА КУЛТУРА
1 Min Read

