Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија, соопшти МВР.
-Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.
Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, соопштија од министерството.
Од таму посочуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Деск
СО УДАР СО РАКА, НЕПОЗНАТО ЛИЦЕ ГО СКРШИЛО СТАКЛОТО НА ВРАТАТА НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА
1 Min Read
Previous ArticleЧЕТИРИ ОПШТИНИ ДОБИЈА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ПОВТОРЕНИТЕ ИЗБОРИ

