Повторени избори за градоначалници вчера се одржаа во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово-Ростуше.
Ваљбон Лимани, кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ, е победник на повторените локални избори во Општина Гостивар.
Во Маврово и Ростуше победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Онер Јакупоски, додека во Општина Врапчиште нов мандат доби кандидатот на коалицијата на ДУИ, Исен Шабани.
Во Општина Центар Жупа за градоначалник е избран Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, коj беше и единствен кандидат на изборите во оваа општина.
Деск

