Земјотрес е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, а бил почувствуван синоќа во 1 часот и 14 минути во Прилеп и околината, известија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Деск

