Фолк пејачките Елена Велевска и Елена Андоновска ќе настапат на градскиот плоштад во Охрид за верскиот празник Богојавление Водици на 19-ти јануари.
Нивниот настап ќе започне веднаш по фрлањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро.
Водици е најголем празник за охриѓани, и општината се подготвува да дочека голем број на посетители од земјава и странство.
На координативен состанок со Организацискиот одбор, градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека празникот ќе биде организиран на највисоко ниво, како и дека очекуваат од десет до над петнаесет илјади посетители од други градови и земји.
В.К.

