Пензионер од Тетово загина, а неговиот 51-годишен син се здобил со изгореници, во пожар кој вчера настанал во нивниот стан, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.,,180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С.(76) од Тетово, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт.
При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово,кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.
Деск

