Пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, по денешната лидерска средба изјави дека се говорело за политички и економски теми, помеѓу кои зголемување на минималната плата, но и укинување на патните трошоци и апанажи на функционерите, нешто кое не било прифатливо за власта.
Како што информираат од партијата, се говорело за:
Изборниот законик за којшто начелно е договорено на пролет, до јуни месец да се донесе нов ИЗБОРЕН ЗАКОНИК;
Левица како прашање ја отвори и помошта за семејствата на жртвите во трагедијата во КОЧАНИ, но по ова не се наиде на слух;
За укинување на ПРЖИНСКАТА ВЛАДА, веднаш или за понаредните парламентарни избори;
За ОМБУДСМАН, Левица како соломонско решение и за првпат во историјата на независна Македонија, предложи припадник на ромската заедница да биде избран за Омбудсман, сметајќи дека се најдискриминирана заедница;
Левица како економска тема ја наметна МИНИМАЛНАТА ПЛАТА, односно нејзино зголемување согласно барањата на работниците и синдикатите;
За АПАНАЖИ и ПАТНИ ТРОШОЦИ на функционерите не се наиде на разбирање и нивното укинување остана неприфатливо за власта, објавија на официјалната страница на Левица.
Деск
ЛЕВИЦА: УКИНУВАЊЕТО НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ И АПАНАЖИ НА ФУНКЦИОНЕРИ НЕ Е ПРИФАТЛИВО ЗА ВЛАСТА!
1 Min Read
Previous ArticleСИТЕ ПРИСУТНИ НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ГО ПОДДРЖАЛЕ БЕЗБЕДЕН ГРАД

