Поранешниот струмички градоначалник Костадин Костадинов (35) го одмрзна своето членство во СДСМ, а веста ја објави на социјалните мрежи, појаснувајќи дека иако донел одлука да го повлече замрзнувањето, сепак останувал на истите ставови.
-По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ.
Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување.
Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно.
Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ, објави Костадинов.
Замрзнувањето на неговото членство во партијата се случи лани во јули, откако од СДСМ не го кандидираа за уште еден градоначалнички мандат. Економист по професија, тој уште од своите рани дваесетти години беше дел од СДСМ, а по случувањата во партијата лани, за ВИКИМЕДИА изјави дека иако го замрзнал статусот, ќе продолжел и во иднина да се занимава со политика.
-Кога сме кај примањата, зависи, ќе се најдам на пазарот на трудот, јас не се срамам да работам!
Можам да работам повеќе работи, но ќе видиме, ни изјави Костадинов пред неколку месеци.
В.К.
СТАВОВИТЕ НЕ ГИ ПОВЛЕКУВАМ, НО ЗАМРЗНАТОТО ЧЛЕНСТВО ВО СДСМ ГО ОДМРЗНУВАМ, ВЕЛИ КОСТАДИНОВ
2 Mins Read

