Маж на возраст од 49 години бил пронајден починат во семејниот дом во неготинско Пепелиште, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираат од таму, вчера во 08:55 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во домот во село Пепелиште, неготинско, бил пронајден починат С.В.(49) од село Пепелиште.
-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, велат од полицијата.
Деск

