Грчките земјоделци ќе одржат состанок со премиерот Кирјакос Мицотакис во понеделник, а до тогаш нема да ги блокираат граничните премини и патиштата.
Состанокот на земјоделците со Мицотакис ќе се одржи во понеделник во 13 часот во премиерската палата во Атина. На него ќе учествуваат 25 претставници на земјоделците, сточарите, рибарите и пчеларите, како и петмина набљудувачи, јавија грчките медиуми.
Ќе биле поднесени 14 барања. Во вторник пак, земјоделците ќе одржеле состанок за да го разгледаат исходот од разговорите со грчкиот премиер.
Нивните протести и блокади траат од 30-ти ноември минатата година.
Деск

