Две млади лица од Кавадарци и Неготино се здобиле со тешки телесни повреди при извршување на рабтни задачи во тек на вчерашниот ден, и биле пренесени во кавадаречката болница, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираат од полицијата, вчера во 09:28 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен Ѓ.Д.(29) од Неготино.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци во содејство со трудов инспектор. Името на фирмата каде се случил настанот не е соопштено од страна на МВР.
Вториот случај од вчера е од 09:30 часот, кога во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен Н.Т.(25) од село Дабниште, кавадаречко.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за Јавно претпријатие „Комуналец“ на улица „Методија Џунов Џикот“ во Кавадарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.
Деск
ИСТОВРЕМЕНО ДОНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА ДВЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ МОМЧИЊА ОД КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО: ВО ОДДЕЛНИ СЛУЧАИ СЕ ПОВРЕДИЛЕ НА РАБОТНО МЕСТО
1 Min Read

