Вчера во 20:23 часот во СВР Велес е пријавено дека во 19:45 часот на детското одделение во Општа болница Велес било донесено починато шестгодишно дете од Градско, кое имало здравствени проблеми, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што посочуваат од таму, лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
По насоки на јавен обвинител телото е дадено за обдукција.
Деск

