70-годишник од Кавадарци заработи кривична пријава, бидејќи без одобрение за градба си изградил викендица во Охрид. Како што соопштија од полицијата, донесено било решение за уривање на градбата.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.З.(70) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградил викенд куќа, по што е донесено решение за отстранување на градбата, истакнаа од СВР Охрид.
Деск
Фото: Илустрација

