Незадоволството на вработените во Македонска Пошта вчера прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и револтот на вработените беше доцнењето на платата, која до вчерашниот ден односно до 23-ти Јануари сè уште не им била исплатена, а работниците порачаа дека трпението им е исцрпено.
-Работиме во услови кои одамна не се достојни за 21 век. Немаме основни услови за работа, а сега и платата ни доцни. Ова е навреда за секој вработен, кажаа вработените.
Открија дека од вкупно 1.700 врабтени, околу 60 проценти работеле за минималец.
Вработените во Пошта, на вчерашниот протест добија поддршка од Сојузот на синдикатите на Македонија. Како што подоцна известија од ССМ, по протестот Синдикатот на „Македонска пошта“ информирал дека се надминати сите проблеми во врска со исплатата на декемвриската платата и дека веќе таа е намирена кон сите вработени.
Деск
Previous ArticleСДСМ СЕ РАЗБУДИ, КАЖА ФИЛИПЧЕ НА КОНГРЕСОТ НА ПАРТИЈАТА

