Под мотото „Тоше живее во песните, во срцата и во вечноста“ Ве покануваме на одбележувањето на 45-от роденден на нашиот ангел Тоше Проески, соопштија од Спомен куќа Тодор Проески.
Како што информираат, на настанот кој ќе се одржи утре со почеток од 12.00 часот, ќе биде промовирана книга посветена на Тоше, а ќе се одржи и крводарителска акција.
-Дојдете да пееме заедно, да создадеме спомени и да го продолжиме делото на нашиот Тоше.
Тој нè научи на љубов и несебичност. Во негова чест, овој пат се обединуваме преку пишаниот збор и хуманоста на дело.
Придружете ни се на промоцијата на новата книга посветена на Тоше, а воедно покажете ја вашата благородност на крводарителската акција во соработка со Црвен крст – Крушево.
Хуманоста нема граници, исто како и споменот за него, објавија од Спомен куќата.
Б.Н.

