Општина Неготино ја објави програмата за манифестацијата ,,Недела на виното” која се одржува по повод празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун.
Предвидени се бројни настани кои ќе започнат на 12-ти февруари, и ќе траат до 15-ти февруари, на повеќе локации во општината.
Дегустација на вино и ракија, изложби, треил трка и многу други содржини се прeдвидени во склоп на настанот.
Централниот дел пак, кога се врши традиционалното закројување на винова лоза, ќе се одржи на Старата градска чаршија на 14-ти февруари, каде ќе бидат поставени штандови. Ова е новитет во одржувањето на настанот, кој во минатото се случуваше на градскиот плоштад.
На истата локација ќе настапи и Фолклорниот ансамбл Ацо Ѓорчев, а од 12.30 часот ќе започне настапот на дуото ,,Некст тајм”.
Истовремено, додека се подготвуваат за одбележување на празникот, лозарите се во очекување на исплата на субвенциите за лозарство, која начесто се случува во деновите околу Свети Трифун.
В.К.
НА СВЕТИ ТРИФУН ВО НЕГОТИНО ЌЕ НАСТАПАТ ,,НЕКСТ ТАЈМ”: КОНЦЕРТ НА СТАРА ЧАРШИЈА, НАМЕСТО НА ПЛОШТАД
1 Min Read

