Од први февруари официјално ќе стартува системот Безбеден град, а во првата фаза ќе се регистрираат следните категории на прекршоци: Пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и
непрописно запирање и паркирање.
Во наредната фаза ќе се прошират прекршоците.
По сторен прекршок, сопствениците на возилата ќе добиваат СМС порака и е-пошта со линк за преземање записник со платен налог, и може да се плаќа електронски.
Безбеден град е национален проект за автоматизиран видеонадзор и контрола на сообраќајот. Целта на проектот е подобрување на безбедноста на патиштата преку употреба на вештачка интелигенција и камери за автоматско препознавање на регистарски таблички (ANPR).
Од јануари, системот работи во проширена пробна фаза во која граѓаните добиваат само предупредувања со цел учење и прилагодување на новите правила.
Активен е во Скопје, Тетово и Куманово, а ќе се прошири и на ниво на цела држава, според првичните најави, до средина на летото.
Деск
ЧЕТИРИ КАТЕГОРИИ НА ПРЕКРШОЦИ ЌЕ СЕ РЕГИСТРИРААТ ВО ПРВАТА ФАЗА НА БЕЗБЕДЕН ГРАД
1 Min Read

