Легендарната пејачка Сенка Велетанлиќ, споруга на музичарот Зафир Хаџиманов, која почина на 19-ти јануари на 90-годишна возраст, ќе биде кремирана.
Како што објави нејзиниот син, џез музичарот Васил Хаџиманов, нејзиното испраќање и кремирање ќе се изврши во вторник, на 27-ми јануари, во 12.30 часот на Новите гробишта во Белград.
Урната ќе била положена во Алејата на заслужни граѓани.
Сенка починала по тешко боледување, а нејзиниот сопруг Зафир, кој е по потекло од Кавадарци, почина во време на ковид пандемијата, по компликации од вирусот.
И двајцата оставија траг на музичката сцена.
Деск

