Министерството за економија и труд бара државни службеници, кандидати за пополнување на позицијата советник инспектор, како и за позиција помлад инспектор.
Огласите се објавени на страницата на Агенцијата за администрација, каде е наведено дека за овие позиции следува месечна плата од 30.000 до 36.000 денари.
Според објавените огласи, се бараат кандидати за советник за инспекциски надзор за Штип со градовите Кочани, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Пробиштип, потоа за Кавадарци со градовите: Велес и Неготино, како и за Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш. Објавен е оглас за истата позиција и во Куманово со Крива Паланка и Кратово, како и за Гостивар со Кичево и Македонски Брод. Наведено е дека е потребно работно искуство од три години по дипломирањето, а платата е 36.383 денари.
Кандидати за позиции помлад инспектор се бараат во Битола со градовите Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар, како и во Скопје.
Се бара помлад инспектор и за Куманово со градовите: Крива Паланка и Кратово, како и за Кавадарци со градовите Велес и Неготино, потоа за Охрид, а и за Штип со градовите Кочани, Делчево, Берово, Виница, Свети Николе и Пробиштип. Наведено е дека не е потребно работно искуство, а платата е 30.173 денари.
Деск
КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО, ВЕЛЕС, ШТИП, РАДОВИШ, ПРИЛЕП… СЕ БАРААТ ПОМЛАДИ ИНСПЕКТОРИ И СОВЕТНИК ИНСПЕКТОРИ, ПЛАТА ОД 30.000 ДО 36.000 ДЕНАРИ
1 Min Read

