Институциите да направат одделни кабинети на психијатриските одделенија, со специјалисти кои ќе даваат совети и насоки за дефокусирање од цигарите, бара Анти никотински Сојуз на Македонија – страница на социјалната мрежа Фејсбук, која се претставува како невладина организација, и каде редовно се објавуваат содржини против пушењето.
-Не е само да се имплементира законот против пушењето на цигари во затворени простории. На пушачите на цигари им треба помош при одвикнувањето.
Знаеме дека постојат лепенки, мастики , таблети итн. сепак сите овие методи и терапии не даваат секогаш добри резултати, а одвикнувањето од оваа зависност е процентуално за поголемиот број наши сограѓани голем ужас и бара големи усилија затоа што никотинот со хемиите создава гадна зависност и труење на целото тело .
Затоа ги замолуваме институциите да започнат со посилни кампањи во училиштата, а за повозрасните да направат одделни кабинети во психијатриските одделенија со специјалисти кои ќе даваат совети и насоки за дефокусирање од цигарите, пишува на страницата на Анти никотинскиот Сојуз.
Од таму предлагаат дополнително да се формирале групи во секоја општина кои ќе имале извиднички и пешачки активности, се со цел дефокусирање од пушењето, и порачуваат дека човек кога ќе ги оставел цигарите се препородувал.
По најавите на законските измени на Законот за заштита од пушење, кој треба да стартува со примена од први март, а според кој се предвидени ригорозни мерки против пушењето, со загриженост реагираат угостителите, бидејќи угостителските локали без исклучок стануваат места каде целосно се забранува употреба на цигари и никотински производи.
Реагираат и пушачите, кои го сочинуваат речиси половина од возрасното население во земјава, и бараат компромис со кој ниту една страна нема да биде оштетена.
В.К.
АНТИПУШАЧИ БАРААТ ОДДЕЛНИ КАБИНЕТИ НА ПСИХИЈАТРИЈА, КАДЕ ПУШАЧИТЕ ЌЕ ДОБИВАЛЕ СОВЕТИ ЗА ОДВИКНУВАЊЕ ОД ЦИГАРИ!
2 Mins Read
Next Article СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ, ПОЧИНА 45-ГОДИШНИК

