Скопјанец на возраст од 45 години го изгуби животот во сообраќајна несреќа во раните утрински часови, соопшти полицијата.
-Утрово во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт, известија од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Деск

