Невреме со поројни дождови за денес прогнозира метео прогнозерот Славчо Попоски.
Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова во Македонија денот Понеделник 26 Јануари 2026 ни носи облачно и врнежливо време на повеќе места со обилни врнежи од дожд а во источните предели тие повремено ќе бидат и поројни и проследени со грмежи и со силен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено со брзина од над 60 км/час). Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме, објави Попоски.
-Поради продор на поладен воиздух од север особено кон крајот на денот и вечерта на 26 Јануари 2026 понеделник особено во Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. На планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег и ќе дојде до зголемување и проширување на снежната покривка.
Во Скопје и околината со овој моќен циклонски систем со центар над Џенова во погоре споменатиот период ќе имаме врнежи од дожд повремено пообилни во делови од Скопскиот регион а ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен а потоа и од северен правец. Во делови од Скопската котлина ветерот повремено ќе достигнува брзина до околу или над 60 км/час, наведено е во неговата прогноза.
Деск
Previous ArticleПОЧИНА МЛАДО МОМЧЕ ОД ВОЗАРЦИ, ТЕЛОТО Е ДАДЕНО НА ОБДУКЦИЈА

