Пет садници од дрворед кој се наоѓа на главната улица Маршал Тито во Неготино синоќа биле искршени. Читатели на ВИКИМЕДИА доставија фотографии од случениот вандализам во градот, и реагираат дека ваквото однесување на поединци не е дозволиво во ниту една урбана средина.
-Садниците се наоѓаат на главната улица, веднаш до фудбалското игралиште. Која дрскост е тоа да се уништува јавното добро, на ваков начин, и тоа не некаде во периферија, туку без срам и страв, баш среде град, прашуваат револтираните граѓани.
Апелираат во тек на ноќ да има зачестени полициски патроли низ улиците, а освен на вандализамот, се жалат и на брзо возење, посебно за време на викендите.

Од Секторот за внатрешни работи Велес, за ВИКИМЕДИА велат дека се уште никој нема официјално пријавено во ОВР Неготино за уништувањето на садниците.
В.К.

