Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, извршиле обиколка на кејот на реката Вардар, и најавија дека официјално започнува реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прераснел во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин, соопшти Ѓорѓиевски.
Додава дека со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата.
-Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба, заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики.
Инвестирањето во спортски терени значи инвестирање во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје.
Ова е само почеток. Нашата визија е да обезбедиме современи и достапни
спортски терени во сите општини на град Скопје.
Рамномерен развој, еднакви можности и активен живот за секој скопјанец, без разлика каде живее, исктакна градоначалникот, и му се заблагодари на министерот Борко Ристовски за поддршката.
Деск

