Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Центарот за социјални работи Охрид и Министерство за внатрешни работи, спроведоа инспекциски надзор по објавеното видео на социјалните мрежи од страна на родител на дете кое, како што се гледа од видеото, измачува куче, соопштија од АХВ.
-Во врска со овој случај до Агенцијата во текот на вчерашниот ден беа поднесени и иницијативи од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор во врска со овој случај, на кој АХВ веднаш реагираше.
Со спроведениот надзор утврдено е дека кучето не е идентификувано со микрочип и не е вакцинирано, за што на сопственикот ќе му биде изречена соодветна парична казна, а како инспекциска мерка за нарушена благосостојба на животното, малтретираното куче е одземено од сопственикот, истакнаа од агенцијата.
Случајот со видеото на кое се гледа како детеврши насилство над куче, а возрасно лице, односно родителот, не го спречува, туку дури и снима и го објавува видеото на социјалните мрежи, ја вознемири јавноста која бараше итна реакција од надлежните служби.
Здруженијата за заштита на животните ја поздравија брзата и одговорна реакција на АХВ.
Деск

