Велат дека игроорците не заминуваат засекогаш – тие само го менуваат ритамот. Под насловот „Чекори што не згаснуваат“, ќе се одржи концерт посветен на ликот и делото на Симеон Чулев, објави Министерството за култура.
Концертот ќе се одржи на 27 февруари 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во Македонскиот народен театар.
Преку музика, ора и сценски израз, ќе биде оддадена почит кон неговиот придонес и трајното наследство што го остави во македонската традиционална уметност.
„Чекори што не згаснуваат“ е вечер посветена на духот што останува, дури и кога сцената ќе замолкне.
Кореографот и играорец Симеон Чулев, почина ненадејно на 15-ти декември 2025 година. Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна уметност.
Б.Н.
КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ЧУЛЕВ: ИГРАОРЦИТЕ НЕ ЗАМИНУВААТ ЗАСЕКОГАШ, САМО ГО МЕНУВААТ РИТАМОТ!
1 Min Read

