Мајка од Велес ги оставила своите пет деца и заминала во Скопје.
На 01.02.2026 во 02:05 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, лишија од слобода 36-годишна велешанка, известија од полицијата.
Претходно, во СВР Велес било пријавено дека таа ги оставила во домот нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје. Не се соопштени детали колку време децата биле оставени сами.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

