Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова е втор случај за кратко време како дете е повредено од залутан куршум во Скопје.
За време на новогодишниот дочек, залутан куршум заврши во главата на двегодишно дете, кое со мајка му излегло во дворот да го гледа огнометот. Детето почина во Клинички центар, а до денес нема информација за евентуално откривање на сторителите.
Деск

