Приватна гимназија во Осиек, во договор со родителите на учениците неколкупати годишно врши ненајавено тестирање на дрога.
-Во класот ни доаѓа педагогот и ни кажува – Денес имаме тестирање на дрога. Пред тоалетот не чека медицинската сестра, и никој не смее да го избегне тестирањето, раскажуваат ученици за РТЛ Данас.
Од гимназијата појаснуваат дека стручен тим одредува кога ќе се врши тестирање, и тоа не само на дрога, туку и на алкохол. Пред упис во училиштето, сите родители дале писмена согласност за оваа процедура.
-Секогаш кога ќе им влезам во училница и ќе им кажам дека денес имаме тестирање, настанува мала трема, па им кажувам, повелете во тоалетот, дајте примерок, а потоа резултатите ќе ги добијат вашите родители. Секогаш има некоја одредена неизвесност, вели педагогот.
Раскажува дека последните резултати покажале дека на канабис, амфетамини, бензодиазепин, кокаин и алкохол биле негативни кај сите стотина ученици.
Деск
ВО ДОГОВОР СО РОДИТЕЛИТЕ, ПРИВАТНА ГИМНАЗИЈА НЕНАЈАВЕНО ГИ ТЕСТИРА УЧЕНИЦИТЕ НА ДРОГА И АЛКОХОЛ
1 Min Read

