Утрово во 06:45 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д.(23) од с.Тработивиште, делчевско. Како што информира МВР, станува збор за полициски службеник.
-При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода, велат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

