Поранешниот директор на Институтот за судска медицина, Алексеј Дума, во изјава за „360 степени“ потврдува дека во периодот меѓу 1990-тите и 2000-тите години мозоци од Македонија се испраќале за научни цели во САД.
Како што вели за 360 степени, станувало збор за проект за кој согласност дал и етичкиот комитет на Медицинскиот факултет.
Информациите за извоз на мозоци од Македонија во САД се појавија откако Македонија се најде во документите што американското Министерство за правда ги објави јавно, а се однесуваат на починатиот милијардер осуден за трговија со бело робје, педофилија и силување, Џефри Епстин.
Станува збор за електронска порака испратена до Ике Гроф, основач на инвестициската компанија „Турмалин партнерс“ во која се пренесува новинарско истражување на „Блумберг бизнисвик“ од новинарите Синтија Кунс и Роберт Лагрет. Во него се наведува дека во рамките на долгогодишно научно истражување за самоубиствата, американски научници кои соработуваат со Универзитетот „Колумбија“ имаат создадено банка од човечки мозоци за истражување.
Како што појаснува Дума за 360 степени, посредникот помеѓу Универзитетот „Колумбија“ и Институтот бил професорот Горазд Росоклија, а во проектот биле вклучени речиси сите доктори од Институтот, како дел од Медицинскиот факултет во Скопје.
Деск
МОЗОЦИ ОД МАКЕДОНИЈА СЕ ИСПРАЌАЛЕ ВО САД СО СОГЛАСНОСТ НА ЕТИЧКИОТ КОМИТЕТ НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ
1 Min Read
Previous ArticleЛИШЕН ОД СЛОБОДА ПОЛИЦАЕЦ, ВОЗЕЛ БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ

